Старите автомобили во судир со нови: Безбедносните стандарди се неспоредливи! / ВИДЕО
Безбедноста на автомобилите е драматично подобрена, а тоа најдобро го покажуваат симулациите на судири на постари и понови возила
Ова видео покажува на неколку примери како се промениле стандардите за безбедност на автомобилите. За само десет години, разликите се огромни, а на примерот на судирот на Chevrolet Bel Air од 1959 година и новиот Chevrolet Malibu, ќе ги видите разликите во безбедноста на едно модерно возило и тоа што е постаро од 60 години.