Електричниот седан на Lucid на патека побрз и од Ferrari / ВИДЕО
Соборувањето на рекорди помеѓу Tesla и Lucid продолжува, а се смалува и бројката на класични бензинци кои можат да им конкурираат
Во средината на септември, Lucid го изведе на тест својот модел Air во сеуште прототип издание. На патеката WeatherTech Raceway Laguna Seca се појави верзијата со три електромотори, а времето по круг беше 1: 31,3.
Производителот тврди дека зад воланот бил нивниот инженер Џон Кулитон, а не професионален тест возач. Користени се малку пошироки гуми, а наместо класичен ентериер моделот добил заштитен кафез. Забележливи се и бројни додатоци на каросеријата, кои до одреден степен ќе се задржат на најпрестижната изведба на моделот. Таков автомобил на патеката успеа да го победи Model S Plaid на Tesla за точно една секунда. Tesla сепак тврди дека нивниот автомобил може да помине една четвртина милја за помалку од 9 секунди, додека Lucid е на 9.245 сeкунди.
Ако се прашувате како овие времиња кореспондираат со времињата на класичните автомобили, работата е следна. Носител на рекордот на патеката е McLaren Senna со време од 1: 27,62. Lucid Air заостанува само 0,4 секунди зад McLaren P1 но затоа еден круг го вози побрзо од Ferrari 388 GTB, Corvette ZR1, додека разликата во споредба со Mercedes-AMG GT R е дури две секунди.