Со секој од петте ексклузивни апартмани во еден облакодер во Њујорк, инвеститорот подарува и еден луксузен SUV – Aston Martin DBX

Освен по исклучително добрата локација во долниот дел на Менхетен, споменатите апартмани се специфични и по друг детал.

За нивната внатрешност биле задолжени британскиот производител на луксузни спортски автомобили Aston Martin и британскиот архитект Дејвид Аџаје.

Како резултат на оваа соработка, покрај петте апартмани лоцирани на 59-от и 60-от спрат од зградата „130 William“, бесплатно се добива специјална верзија на теренецот Aston Martin DBX „130 William Adjaye Special Edition“, чиј ентериер е оплеменет од споменатиот архитект.

Ако се прашувате колку чинат овие станови кога на инвеститорот му се исплати да им подари на клиентите автомобил вреден околу 200.000 американски долари, ќе ви кажеме дека најевтиниот има цена од скоро 4 милиони долари, додека најскапиот – еден од двата пентхауси – се продава за цели 11,5 милиони долари.