Ford повлекува хибриди од пазарот поради случаи на самозапалување
Компанијата ќе ги обештети сопствениците на електрифицираната Kuga со … ваучери за бензин
Ford бесплатно ќе ги замени сите батерии во веќе продадените plug-in хибридни верзии на кросоверот Kuga, потврди компанијата. Сервисната акција стана неопходна по четири независни и потврдени случаи на самозапалување на автомобили.
Истрагата открилa дека проблемот произлегол од небрежност во производството на самата батерија. Поради тоа, во ќелиите влегле надворешни загадувачи, што под оптоварување може да предизвика краток спој во батеријата и нејзино прегревање. Како резултат, се ослободуваат жешки гасови и компонентите во близина на батеријата може да се запалат.
Хибридната Kuga беше голема гордост на Ford на Европа оваа година – во летните месеци беше најпродаваниот plug-in хибрид на континентот. Откако се дозна за приказната за неисправни батерии, продажбата нагло падна, а во септември Kuga не влезе ниту во Топ 5. Трите најпродавани plug-in хибриди во ЕУ во моментов се Mercedes A-class, Volvo XC40 и Audi Q5.
Сервисната кампања на Ford ќе започне во декември и треба да заврши до март 2021 година. Дотогаш, на сопствениците им се препорачува да не ги полнат батериите и да ги возат своите автомобили или во автоматски режим или во нормален режим, во кој моторот со внатрешно согорување игра голема улога. За да ги компензира сопствениците за непријатностите, Ford ќе им обезбеди на секој од британските купувачи на хибридната Kuga (Велика Британија е најголемиот пазар за моделот) ваучери за гориво во вредност од 500 фунти.
Добавувач на батерии за Kuga е корејскиот Samsung, кој го снабдува и BMW. Германскиот премиум производител најави и услужна кампања за замена на батериите во своите plug-in модели како што се BMW 330e и MINI Countryman EV. Сепак, повеќето од нив сè уште се во продажните салони и не им се доставени на клиентите. Од продадените хибриди, нема сигнал за самозапалување или друг проблем со батериите, но компанијата инсистираше на тоа дека тие не сакаат да ризикуваат.