Конечно! Електрифицираните автомобили пред „дизелашите“
За прв пат во Европа, електрифицираните модели попродавани отколку дизелите
Продажбата на нови електрични возила, како и стандардните и plug-in хибридни модели во Европа за прв пат во историјата поголема од онаа на дизел моделите. Така велат податоците за септември, објавени од страна на JATO Dynamics.
Според нив, побарувачката за автомобили со бензински и дизел мотори минатиот месец има драстичен пад во споредба со истиот период во 2019 година. Ова особено се однесува за дизелите, чија продажба е под 25%. Процентот на бензинците е 47% (59% пред една година). Спротивно на тоа, електрифицираните модели сега се над 25%, што е двојно повеќе отколку во септември 2019 година.
Бројот на продадени нови хибриди и електрични автомобили во септември бил 327.800 од вкупно продадени 1,3 милиони автомобили на пазарот (+ 1%) за истиот период минатата година. Генерално, сепак, за првите 9 месеци од 2020 година, падот на продажбата во Европа е сè уште сериозен – 29%.
„Електрификацијата конечно се случува, најмногу заради политиката на владите на ЕУ да ја стимулираат продажбата на овие автомобили. За возврат, потрошувачите се подготвени да ги прифатат новите технологии“, рече Фелипе Муњоз, глобален аналитичар во JATO Dynamics.
Јапонскиот производител Toyota има најголема продажба на електрифицирани автомобили (претежно хибриди), но тука е и групацијата Volkswagen чија продажба на електрифицирани автомобили рапидно расте (повеќе од 40.300 примероци во септември).
Кросоверите и понатаму се најбарани и сочинуваат 41,3% од пазарот. Најпродавани се Renault Captur, Peugeot 2008 и Ford Puma, а генерално најпродаван и понатаму е Volkswagen Golf. Кај електричните возила, Tesla Model 3 e на врвот so 15.702 продажби, по што следуваат Renault Zoe и Volkswagen ID.3, кој брзо по стартот на продажбата се искачи до третото место.