Целосно новата Ford Kuga достапна и во Македонија / ФОТО+ВИДЕО
Новата Ford Kuga е достапна во изложбено-продажниот салон на Ми-Да Моторс Македонија
Ford Kuga за 2020 година донесува радикално нов изглед, елeктрификација на моторната гама, но и многу нови технологии за побезбедно и полесно управување со возилото.
Поголемите димензии, обезбедуваат повеќе простор за патниците, и во висина на главата, како и во ременот и колковите, без разлика дали станува збор за предните или задните седишта. Моделите со традиционален погон имаат дури и клизна задна клупа, која обезбедува дури 1.062 литри корисен простор за багаж. Хибридите не го поседуваат овој „талент“ бидејќи батериите се наоѓаат под седиштето.
Со сите нивоа на опрема, освен основното, се добива 8-инчен екран за инфо-забавниот систем SYNC 3 компатибилен со Apple CarPlay и Android Auto, како и FordPass Connect, а клиентите можат да се одлучат и за опционален, 12,3-инчен дигитален кластер на инструменти.
Новата Ford Kuga се нуди во три нивоа на опременост – Titanium, ST Line и Vignale. Зависно од нивото на опременост, цените за Ford Kuga во Македонија започнуваат од 31.000 евра па нагоре.
Стандарден погон кога станува збор за бензинската понуда е 1.5-литарскиот EcoBoost бензински мотор кој користи комбинација на директно вбризгување на гориво со турбо-полнач, заедно со технологија за деактивација на цилиндрите, за да обезбеди врвна моќ со извонредна потрошувачка. Достапен за избор со 120 КС и 150 КС.
Ако преферирате дизел Ford Kuga ви нуди избор од 1.5 и 2.0-литарски EcoBlue мотори, инкорпорирајќи ја последната дизел технологија за да се подобри моќноста, вртежниот момент и економичноста, додека се намалува емисијата на штетни издувни гасови, овозможувајќи моќност од 120 КС или 190 КС.
За „еко-свесните“ купувачи тука е напредната рlug-In технологија која комбинира електромотор на батерија со 2.5-литарски Duratec бензински мотор – овозможувајќи комбинирана Hybrid излезна сила од 225 КС, следено со извонредна потрошувачка и емисија на CO2 од само 26 g CO2/km (NEDC). Можноста за избор на четири режими на електрично возење, значи дека може да изберете дали ќе возите комплетно на електричниот мотор (EV Now), бензинскиот мотор (EV Later), преку комбинација на двата (EV Auto), или да го користите моторот да ја наполни батеријата додека возите (EV Charge).
За повеќе информации обратете се во продажниот салон на Ford или на официјалната веб страница.