Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 401 санкциja, од кои 110 за пречекорување на дозволената брзина, а 120 за непрописно паркирање.

Казнети се и 24 лица за возење без возачка дозвола, 19 лица управувале технички неисправни и нерегистрирани возила, санкционирани се 21 мотоциклист, 82 возила се подигнати со специјално возило„пајак“, а изречени се 69 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Извор: Макфакс