Во проблеми ќе бидат сите… од автомобилски компании до медиумски куќи, рекламни агенции…

Според медиумските наводи, во Министерството за економија на Франција е издадено соопштение во кое се презентирани нацрт-законите за финансирање за 2021 година, но и бројни интересни мерки, од кои некои на дело веројатно ќе може да се видат веќе од половината на декември.

На тој датум, всушност, ќе биде презентиран предлог-закон кој ќе содржи приближно една третина од предлозите на Граѓанската климатска конвенција, меѓу кои се и забраните за рекламирање производи кои ја загадуваат животната средина.

Франција подготвува и построга структура за даночни казни за автомобилите кои испуштаат голема количина на штетни гасови. Во највисоката класа ќе се плаќа дури 50.000 евра. Она што е најбитно е дека оваа одлука директно ќе спречи рекламирање на crossover/SUV моделите, кои емитуваат поголеми количини на СО2.

За спортските перформантни возила и да не споменуваме.