Прва хибридна гума: комбинира сегмент кој не е полнет со воздух со друг кој e полнет со воздух!
Kumho најавува дека овој производ ќе ги задржи сите придобивки од гумата исполнета со воздух, а во исто време ќе биде многу поиздржлива
Американската асоцијација на дизајнери (IDSA) ја додели својата годишна награда на две автомобилски гуми на Kumho. Наградата IDEA ја добиле гумите e-NIMF и e-TOPs. Првата гума е концепт на Kumho, со кој се занимаваат и многу други производители, а тоа е гума која не е исполнета со воздух. Нејзината карактеристика е многу подолг век на траење, а кога газниот слој ќе се истроши, лесно може да се замени со нов. Производители како Bridgestone и Michelin исто така работат на овој вид гуми, најавувајќи дека ќе го комерцијализираат својот производ веќе во 2024 година.
Втората гума на Kumho (e-TOPs) е уште поинтересна од првата и е веројатно првата хибридна гума, која комбинира сегмент што не е исполнет со воздух со друг кој е исполнет со воздух. Делот од гумата што не е исполнет со воздух е на врвот, веднаш до газниот слој. Од Kumh, најавуваат дека оваа гума ќе ги задржи сите предности на гумата исполнета со воздух, а во исто време ќе биде потешко да се дупне.
Kumho ги развива двете гуми, а кога ќе бидат подготвени за сериско производство не е познато.