Верувале или не, ова 16-годишно девојче вози Porche и држи Гинисов рекорд / ВИДЕО
Иако има само 16 години, Клои Чемберс е сопственик на Гинисовиот рекорд за возење слалом меѓу чуњеви
Рекордот е поставен со Porsche 718 Boxster Spyder зад чиј управувач Клои Чемберс патеката со 51 чуњ ја поминала за 47,45 секунди, што е нов светски брзински рекорд во оваа дисциплина.
„Можеби изгледа лесно, но воопшто не беше така. Толку многу чуњеви требаше да се заобиколат за рекордно време, а да не закачите ниту еден. Дефинитивно бев под голем притисок“, објаснува младата Клои Чемберс.
Клои вообичаено се натпреварува во трки со картинг, а со цел да го собори рекордот возела фабричко Porsche, без никакви измени.
Под хаубата на Porsche 718 Boxster Spyder се напојува со 4.0 атмосферски шест-цилиндерски боксер мотор кој испорачува 420 КС (309 kW) при 7.600 вртежи во минута и 420 Nm во опсег од 5.000-6,800 вртежи во минута.
Моќта се пренесува преку 6-степен мануелен менувач, со чија помош автомобилот забрзува од место до 100 km/h за само 4,4 секунди, пред да достигне максимални 301 km/h.