Судар од 3,5 милиони евра / ФОТО+ВИДЕО
Судар помеѓу Bugatti и Porsche
Несреќата се случила на патoт со многу свиоци Сент Готард во Швајцарија кога возачите на Bugatti и Porsche решиле да претекнуваат. Приказната вели овие две возила налетале на две побавни возила, Mercedes C-класа и кампер пред него. Возачот на моделот од Bugatti решил да ги престигне побавните возила и Porsche-то пред него, па се престроил во левата лента и додал гас.
Во исто време и возачот на Porsche 911 се уфрлил во левата лента и дошло до контакт. За жал тоа довело до контакт и со другите возила на патот, но за среќа, карпите покрај патот спречиле излетување од патот на било кое од возилата.
Според достапните фотографии, „најдебелиот“ крај во однос на оштетување го извлекол моделот Porsche 911, најверојатно како резултат на удирање во бетонската преграда од другата страна на патот. Другиот скап модел, Bugatti Chiron бил оштетен „само“ напред. Страдале браникот, хаубата и маската.
Според локалните медиуми, најтешко бил повреден возачот на Mercedes-от кој бил пренесен во локалната болница.