Одржување на автомобилот: Зошто гумите пукаат почесто во летните месеци?
Ако притисокот во гумата е низок, страничните sидови се многу пофлексибилни, делумно налегнуваат на асфалтот и создаваат многу повеќе топлина
Иако пукањето на гумите, ако не се доволно напумпани, може да се случи во кое било време од годината, комбинацијата на топлина и премалку воздух во гумите ги прави особено склони кон пукање во текот на летото. За време на возењето, страничните ѕидови на гумите се свиткуваат, а со тоа површината на гумата на асфалтот е поголема, има зголемено триење, што ја зголемува нивната температура. Ако притисокот во гумата е во согласност со пропишаното, тогаш произведената топлина е минимална. Но, ако притисокот во гумите е мал, страничните sидови се многу пофлексибилни, делумно потпирајќи се на асфалтот и создаваат многу повеќе топлина.
Националната управа за безбедност во сообраќајот на патиштата на Америка (NHTSA) проценува дека најмалку 11.000 судири поврзани со гуми се случуваат секоја година, при што во 2016 година загинале 733 лица. Не сите овие несреќи се должат на пукање на гуми, но овие дефекти секако придонеле за тој број и влијаеле на судирите.
Затоа, напумпајте ги гумите до препорачаната вредност наведена на табличката за информации на гумите, која најчесто се наоѓа на возачката врата или во упатството за употреба на возилото.
Проверувајте ги гумите често, барем еднаш месечно.
Секоја гума треба да биде соодветно напумпана и не треба да има испакнувања, гребнатини, исеченици или оштетувања предизвикани од удари во дупка или работ на тротоарите.
Исто така, најдобро е да го проверите притисокот во гумите кога автомобилот е ладен, односно ако не е возен или е возен на кратко растојание. При подолго возење, притисокот во гумите може да кореспондира со реалната вредност.