6 совети кои можат да ви го спасат животот ако откажат сопирачките
Да, навистина ретко се случува, но секако е добро да се знае како да се реагира во дадена ситуација
Како прво не посакуваме никому да му се случи такво нешто, но можност постои, дури и кај скапите автомобили.
Во тој случај, следните чекори можат да ви помогнат да избегнете сериозни повреди и да ви го спасат животот.
- Тргнете го стапалото од педалата за гас и вклучете ги сите четири трепкачи.
- Продолжете да ја притискате сопирачката, колку што е можно побрзо и што е можно појако.
- Префрлете го менувачот во прв степен на пренос.
- Подигнете ја рачната сопирачка, но полека и без нагли движења – брзо повлекување може да го занесе автомобилот.
- Ако е можно, полека прилепете се до заштитната ограда, која значително ќе го забави автомобилот.
- Обрнете внимание на околината – ако видите мека површина како земја и трева или песок, свртете го автомобилот во таа насока. Направете го ова само ако веќе се движите со брзина не повеќе од 15 km/h.