
Во контејнери во Италија откриени десетици украдени луксузни автомобили
40 луксузни возила украдени автомобили во пошироката област на Торонто, Канада и наменети на Либија и Турција, се запленети од страна на Канадската гранична и Италијанската полиција
Триесет од возилата биле запленети во италијанските пристаништа Сaлерно и Џоја Тауро, а останатите десет уште пред да бидат извезени од Канада. Возилата запленети во Италија вредат приближно 1,5 милиони долари, според полицијата, а останатите десет повеќе од 300.000 долари.
Целосен список на украдени автомобили не е објавен, но во полициското соопштение се наведува дека меѓу нив има неколку единици Chevrolet Camaro, разни модели на Mercedes, Land Rover, BMW, Lexus… Како и да е, автомобилите ќе бидат вратени во Канада и предадени на нивните сопственици.