Најмоќнoto Yugo во светот има 1000 КС и е на продажба / ВИДЕО
Најмоќното сериско Yugo имаше 1.3 мотор, а тјунерите генерално никогаш не вградувале во него помоќни мотори од оние на Fiat. Најрадикалниот примерок доаѓа од Америка
Ова Yugo има 8.2-литарски мотор од Cadillac Eldorado. Всушност, инсталирани се два мотори. Конкретните податоци велат дека станува збор за вкупно 16 цилиндри, скоро 1000 КС и погон на сите тркала. Сопственикот предупредува дека двата мотори имаат еден систем за ладење, затоа мора да се внимава. Како и стандардниот модел, и овој може да прегрее. Затоа, подобро е да се користи задниот V8 за секојдневните активности, а кога треба да го покаже скриениот „ѕвер“ во себе, тогаш се стартува моторот напред.
Она најинтересното е тоа што ова Yugo во моментов е на продажба и сопственикот бара 25.500 долари за него. Со оглед на тоа што го нуди и фактот дека е уникатно, можеби и не е претерано. Дали се согласувате?
Извор: Index.hr