Германското Министерство за економија излезе со предлог за субвенции на купувачите на електрични и конвенционални возила со мотори со внатрешно согорување, со ценовен лимит до 77.350 евра, а пакетот за поттик би бил во сила до крајот на годината

Според планот на министерството, основниот пакет би бил 2.500 евра за возило, плус 500 евра за набавка на возило со поголема горивна економија. Субвенциите би се зголемиле за 1.500 евра при набавка на електрично возило, односно 750 евра за хибридно возило.

Германските медиумите објавија дека владата денес треба да претстави сеопфатен пакет економски стимулации, чија вредност би можела да достигне до 80 милијарди евра, во која сума влегува и оваа „помош“ за купувачите на нови возила!

Извор: Seebiz.eu