По целосно електричниот кросовер Mustang Mach-E, Ford планира да понуди и хибридна Mustang Coupe верзија

Според некои медиуми, тоа би требало да се случи со следната генерација на Mustang која се очекува во 2021 или 2022 година.

Како што се очекува, новиот хибриден Mustang ќе комбинира бензински V8 мотор (погон на задните тркала) и два електрични мотори (погон на предните тркала). Ова значи дека таков Mustang ќе има погон на сите тркала, базиран на платформата CD6.

Останува да се види дали Форд ќе понуди и ценовно поприфатливи нехибридни верзии на новиот Mustang со V8 или четири цилиндерски мотор.

Исто така, во понуда повторно може да се очекува и кабриолет варијанта, бидејќи таквата верзија сè уште претставува значаен дел од продажбата на Mustang.

Конечно, според плановите новиот Mustang треба да добие и модернизиран инфо-забавен систем и бројни системи за помош на возачот.