Новиот Nissan X-Trail ќе дебитира во 2022 година, а деновиве се појавија фотографии кои го откриваат неговиот изглед

Фотографиите, кои се појавија на социјалните мрежи, потекнуваат од официјална брошура на Nissan, а ознаката Rogue која може да се види на фотографиите е ознаката која се користи за северноамериканскиот пазар.

Сликите од го потврдуваат она што можеше да се види на скиците од претходно.

Новиот X-Trail ќе се заснова на надградена верзија на CMF платформата на Nissan, што значи дека може да биде достапен и со хибриден погон кој го користи иновативниот ePower систем на Nissan.