Universal Studios решија да ја одложат премиерата на деветтиот дел од франшизата Fast &Furious за 2 април 2021 година, пренесува Variety

Премиерата на филмот беше закажана за 22 мај, но продуцентите процениле дека финансиската загуба ќе биде огромна заради пандемијата на коронавирус и затворањето на кината во Италија, Јужна Кореја и Кина. 75% од приходите од претходните делови е остварен надвор од САД.

 

„Ние ја чувствуваме вашата љубов и желба да ја видиме следната епизода од сагата. Затоа, со тешко срце објавуваме дека сме приморани да го одложиме датумот за премиера на филмот“, пишува продуцентот и актерот Вин Дизел. „Стана многу јасно дека не сите фанови во светот ќе можат да го видат филмот овој мај. Ние го разбираме разочарувањето дека ќе мора да се чека подолго, но безбедноста на гледачите е наша примарна грижа“.

„Брзи и бесни 9“ или „F9“ како што е името на оваа епизода од франшизата, не е првиот филм во Холивуд кој е одложен поради коронавирус. Претходно, поради пандемијата, беше одложена премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд, а снимањето на Mission Impossible 7 беше прекинато.