Нова британска „ѕверка“: Aston Martin Vantage Roadster
Новиот Aston Martin со отворен покрив во полн сјај ќе блесне на престојниот авто салон во Женева
Vantage Roadster пристигнува неколку години по купе верзијата. Автомобилот има преклоплив покрив, кој се спушта за само 6,7 секунди кога возилото е во мирување, или 6,8 секунди додека се вози, со брзина која не надминува 50 km/h.
Според производителот, тоа го прави автомобил со најбрзо склоплив автоматски платнен покрив во автомобилската индустрија.
Благодарение на лесните компоненти кои го сочинуваат подвижниот механизам на покривот, Vantage Roadster е околу 60-ина килограми потежок од моделот со цврст покрив.
Автомобилот се придвижува со истиот 4.0 Т8 twin-turbo мотор кој се користи и во Vantage Coupe. Станува збор за AMG машина со моќност од 510 КС, додека максималниот вртежен момент е 685 Nm.
Моторот е спарен со 8-брзински ZF автоматик кој ја испраќа моќноста до задните тркала на автомобилот. Vantage Roadster од 0-96 km/h забрзува за само 3,7 сек., што е само 0,2 побавно однос на варијантата Coupe.
Максимално дозволената брзина е 306 km/h.