Американската вселенска агенција NASA побара помош од автомобилските компании да помогнат во изградба на возило за нивните проекти

Агенцијата до 2024 година има план да испрати еден маж или жена на месецот, а побараната помош од автомобилските компании се однесува на изградба на возило кое ќе служи во текот на таа мисија.

Програмата Artemis, како што е наречена, ќе биде најголемата и најамбициозната експедиција во месецот и ќе се потпира на роботика и лунарен ровер.

Во минатото имало различни успешни мисии како Apolo, чии успеси од година во година се зголемуваат, а програмата Артемис се очекува да има голем успех пред се во поглед на геополитиката, бидејќи Artemis ќе има повеќе задачи.

Се очекува дека ќе бидат истражени нови области и да се одработат експерименти какви досега не се пратени – Јужниот пол на Месечината, за што ќе се бара специјално вонредно возило со кое луѓето ќе можат да возат, а ќе треба да има отворен покрив и цел комуникациски систем.

За време на експедицијата, роботите ќе се користат за други работи, како што се носење работи преку тежок терен или враќање на виталните парчиња опрема потребни за истражување.