Како изгледа возење со актерот Вил Смит и Porsche со моќност од 750 КС / ВИДЕО
Вил Смит и Porsche е познато дека многу се сакаат, а таа љубов сега е и јавно споделена со луѓе кои не ги познаваат
Вил Смит е заљубен во моделот 911, барем ако се суди според франшизата Bad Boys, чие трето продолжение во моментов се емитува низ целиот свет. Надвор од филмот, Вил Смит одлучил во Porsche да провози клиенти на Lyft. Притоа не користел некој класик туку Taycan Turbo S, првото и најмоќно Porsche на струја.
А тоа значи 750 КС и спринт до 100 km/h за помалку од 3 секунди. Патниците најпрво биле изненадени од скапиот автомобил, а потоа и од славниот филмски глумец како лице зад воланот.
Како изгледа возењето со Смит можете да погледнете во приложеното видео.