Дали ја користите и вие? Благодарение на една опција на мобилниот телефон, полицијата го пронашла украдениот автомобил
Откако на една Американка и бил украден автомобилот во кој останал и нејзиниот iPhone, благодарение на опцијата Find my Phone, полицијата брзо успеала да го лоцира возилото
Една од опциите која „мора“ да ја имате вклучено на вашиот телефон е можноста за пронаоѓање на вашиот уред во случај да го изгубите или некој да ви го украде. Активирањето на оваа опција е брзо и лесно, а како што покажал еден случај во Соединетите држави, благодарение на неа, не само што може да се најде изгубениот или украден телефон, туку и нешто многу повредно и поскапо – украден автомобил.
Една тинејџерка од Ајова неодамна направила голема глупост кога, брзајќи да купи нешто, автомобилот не само што го оставила отклучен со клучевите внатре, туку и со стартуван мотор. Автомобилот за неа всушност бил и привремен дом, затоа што претходно станот во кој живеела делумно изгорел. Како и да е, празното стартувано моторно возило не поминало незабележано и таквата „покана“ ја искористил крадецот кој брзо седнал и го однел возилото во непознат правец.
Среќата на несреќа била што во автомобилот останал и мобилниот телефон на девојката со вклучена опција Find my iPhone.
Крадците првично го исклучиле iPhone-от за полицијата да не може да ја пронајде локацијата, но неколку дена подоцна тие на кратко го вклучиле, а тоа било доволно за полицијата да открие во кој дел од градот се наоѓа автомобилот. Сепак, самиот телефон, како и паричникот и некои други предмети од автомобилот сè уште не се пронајдени. Полицијата верува дека тој се наоѓа во еден од становите до локацијата каде што е пронајден автомобилот и се надеваат дека во пронаоѓањето ќе им помогнат снимките од надзорните камери на околните продавници.
Крадци секогаш ќе има, затоа внимавајте и своите вредни предмети не ги оставајте, особено не на видливо место, во автомобилот. Особено внимавајте да не го оставите автомобилот отклучен, особено не со стартуван мотор додека, на пример, купувате нешто од локалната трафика.
Во овој случај мобилниот телефон помогнал, но тоа не значи дека треба да ги оставате во автомобилите.