Од денес горивата поскапи
Со новата Одлука е извршено зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,35%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката
на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од
01.07.2019 година
Така, согласно методологијата за формирање на цените, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од денес се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,50 ден/лит
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.07.2019 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,342 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.07.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 36,081 ден/кг.