8 кинески автомобили кои веднаш би ги купиле
Дури и ако неможете или несакате да ги купите, секако дека би сакале да ги провозите
Кинеската автомобилска индустрија се развива со брзо темпо, а локалните компании веќе нудат високо-технолошки машини. Факт е дека потрошувачите се уште се поделени по однос квалитетот на овие автомобили, но ние ви претставуваме осум од нив кои се навистина интересни. Ако не за купување, барем за едно возење.
Nio EP9
Ова е најбрзиот електричен автомобил на Nurburgring, и до неодамна беше најбрзиот електричен автомобил. Возилото е опремено со по еден електричен мотор на секое тркало, развива моќ од 1.360 КС и има сила на потисок поголема од онаа во болидите од Formula 1. Цената е исто така сериозна – 1.48 милиони долари. Првите шест единици се купени веднаш, па затоа производителот се одлучил да изработи уште десет.
Geely FY11
Надворешност од BMW X6, платформа од Volvo XC40 и цена за Geely – севкупно добра продажба. Компанијата тврди дека FY11 е еден од „највозбудливите автомобили на пазарот“, поради моторот од 238 КС и опционалниот погон на четири тркала. Достапна е и поеслаба верзија – со 177 КС и погон само на предните тркала.
Hongqi L5
Долго време автомобилите на Hongqi не се продаваа, бидејќи беа наменети само за кинеската комунистичка елита. Дури и сега, модерните L7 и L9 модели не можат да се купат слободно, а моделот L5 се продава за 580.000 долари. Лимузината беше одобрена дури и од Џереми Кларксон, кој рече дека „ова можеби не е најдобриот автомобил што некогаш е направен, но сигурно е еден од оние што го импресионирале најмногу“.
BAIC Arcfox-7
Да се изработи електричен суперавтомобил и не е толку лесно. Тоа е причината зошто Кинезите користеле надворешна помош – од шпанскиот тркачки тим Campos. Максималната брзина е 260 km/h, а автономијата со едно полнење на батерискиот пакет – 299 километри. Овие индикатори изгледаат скромни, но автомобилот располага со голем број на интересни технологии (на пример, стартување на моторот со отпечаток од прст), кои сигурно побудуваат интерес.
Byton M-Byte
За да разберете што е посебно кај овој автомобил, треба да ја погледнете фотографијата на салонот. Автомобилот има 49-инчен дисплеј – најголем досега во сериски автомобил. Досега, од концептот M-Byte многу фотографии, но секако изгледа импресивно. Станува збор за дело на поранешни врвни менаџери од BMW, Infiniti и Tesla, кои сега работат за кинезите.
Lynk & Co 01
Уште една кинеска машина која ја предизвикува Tesla. Не поради дијагоналата на екранот во салонот, туку поради брзината со која клиентите ја нарачуваат. За само 183 секунди откако започнало примањето нарачки, запишани биле точно 6.000 потенцијални клиенти. Дури и Tesla Model 3 не може да се пофали со истото. Генерално, автомобилот е наменет за младата публика, која е технички писмена.
Techrules Ren RS
Ова не е хибрид, туку суперхибрид! Веќе сме навикнати на фактот дека најсовремените електрични автомобили имаат четири електрични мотори, но во Ren RS има шест – два на предната оска и четири позади. Тие се напојуваат со дизел-електричен агрегат со генератори на база на микротурбини. Автономијата со полн резервоар од 80 литри дизел е 1.170 км. Монокок и карбон каросерија, суспензија како кај автомбилите од класа GT3 и салон едно седиште – сето ова го прави Techrules Ren RS еден од најимпресивните автомобили што се појавиле во изминатите неколку години.
Faraday Future FF91
Кинеско-американската компанија пред извесно време се нарекуваше „убиецот на Tesla#, но постепено влезе во производствени и финансиски проблеми. Сепак, шансите да преживее се големи и се очекува да го реализира својот најамбициозен проект – FF91 со моќност од 1.060 КС, автономија со едно полнење од 700 километри, елементи кои ја менуваат формата додека се вози со цел подобрување на аеродинамиката.