Цртежите ја откриваат сложеноста на еден модерен автомобил
Ако некогаш сте се запрашале како изгледа секоја компонента во еден модерен автомобил што се крие под каросеријата и она што нашите очи неможат да го видат, сега е можно.
Двајца американски граѓани, Бо и Алан Даниелс илустрирале мноштво на реалистични цртежи за тоа како изгледа еден седан со четири врати. Цртежите се толку детални што делуваат навистина реалистично.
Сега можете да видите како изгледа пресек на суспензијата, електричниот систем на возилото, внатрешноста на автомобилот, погонскиот систем… Силен впечаток остава и клима уредот, воздушните перничиња, опциите за поврзување…
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1OZJFfdp5-r_UX0uE9L-4HIUb_B8x2dPe” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Овие двајца професионалци илустрирале голем број на системи, не само во автомобилската индустрија, туку и во авионската индустрија, медицината, изградбата на бродови и други области.
Со анализа на направените скици и цртежи, не само што ќе си ја задоволите љубопитноста, туку е можно и добро да се забавувате, бидејќи авторите имаат завидна доза на смисол за хумор.
Цртежите ќе ви овозможат да научите и по нешто што не сте го знаеле, а сигурно ќе ви помогне да согледате колку навистина денешните автомобили всушност се комплексни како целина.
Повеќе на следниот линк.