75 километри автопат за пет дена! Срушен светскиот рекорд
На проектот работеле 720 луѓе, а се се завршило за 105 часа и 33 минути
Ова е работа која во некои земји, како на пример Македонија, трае неколку месеци, години, па дури и децении, а Индијците успеале да ја завршат за помалку од пет дена! Поточно, за само 105 часа и 33 минути изградиле автопат долг 75 километри.
Проектот на кој работеле 720 лица, започнал на 3 јуни во 7:27 часот, а завршил на 7 јуни во 17 часот.
Неверојатниот успех веднаш е запишан во Гинисовата книга на рекорди.
Министерот за патен транспорт Нитин Гадкари ги пофали сите инженери, изведувачи, консултанти и вработени во Националната администрација за автопати на Индија (NHAI):
„Со овој голем проект ги поврзуваме нашите градови Амравати и Акола, а новата делница ќе има значајна улога во олеснувањето на движењето на луѓето во овој дел на Индија“, заклучува Гадкари.
Proud Moment For The Entire Nation!
Feel very happy to congratulate our exceptional Team @NHAI_Official, Consultants & Concessionaire, Rajpath Infracon Pvt Ltd & Jagdish Kadam, on achieving the Guinness World Record (@GWR) of laying 75 Km continuous Bituminous Concrete Road… pic.twitter.com/hP9SsgrQ57
— Nitin Gadkari (@nitin_gadkari) June 8, 2022
Иако проектот се води како автопат, за ова може да се разговара бидејќи според достапните фотографии патот делува многу помал. Сообраќајните ленти се физички одвоени, но патот е многу тесен, а колку што може да се види не е предвидена ниту лента за застанување.
Како и да е, навистина голем успех.