56 години Ford Mustang / ФОТО+ВИДЕО
Првиот Ford Mustang светлината на денот ја здогледува на 17 април 1964 година
Кога пред 56 години Ford го лансирал, ретко кој е во компанијата можел да предвиди каков комерцијален успех ќе доживее овој модел, како и тоа дека ќе следуваат уште пет генерации, со вкупна продажба од над 10.000.000 возила.
Сегашната шеста генерација започна својата глобална продажба ја започна во 2015 година, а до денес овој Mustang стигнал до 633.000 клиенти во 146 земји.
И покрај тоа што се продава на глобално ниво, Соединетите држави остануваат најважниот пазар за Mustang, бидејќи од 102.090 продадени автомобили во 2019 година, дури 72.489 се испорачани на американските купувачи.
Може да се каже дека популарноста на Mustang расте и на другите пазари, па така во 2019 година продажбата во Германија пораснала за 33%, а во Франција дури за 50%.
[useyourdrive dir=”1RR9mOMH_WjyCCu2OnBrVVXR3CzkP9-6c” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Во моментов целата автомобилска индустрија е погодена од пандемијата на COVID-19, па како и другите така и Ford е принуден привремено да го прекине производството на Mustang во фабриката Flat Rock во Мичиген. Засега не е познато кога ќе се рестартираат фабричките ленти.
Како и да е, поради новите околности, продажбата на Mustang по многуте успешни години наназад, во 2020 година дефинитивно ќе биде на многу пониско ниво.