Дали е ова иднината? Претворете го вашиот автомобил во светлосно шоу со ново, револуционерно осветлување / ВИДЕО
Magna Breakthrough Lighting светлосната сигнализација овозможува зголемена слобода на дизајнот и нуди повеќе опции за диференцијација на брендот
Добавувачот на автоделови Magna ја најави својата најнова иновација. Нивната технологија „Breakthrough Lighting“ му овозможува на производителот на автомобили целосно да претвори дел од телото на автомобилот во светлосен елемент. Компанијата ги покажа можностите на технологијата со, како што таа го нарекува, „Litgate“. Во овој случај, целата задна врата на автомобилот е претворена во расветен елемент.
„Breakthrough Lighting“ на Magna овозможува зголемена слобода на дизајнот и нуди повеќе опции за диференцијација на брендот што може да го подобри искуството на нашите клиенти“, вели Греам Бароу, глобален претседател на Magna Exteriors.
„Додека индустријата гради значителен замав околу електрифицираните и автономните возила, очекуваме поголема желба за развој кој е беспрекорно интегриран во надворешните области“.
„Breakthrough Lighting“ технологијата или светлосна група е скриена во материјалот додека не се запали, поради што задниот дел или врата изгледа како обичен панел на каросеријата. Во меѓувреме, благодарение на употребата на термопластични материјали, панелите за осветлување може да се обликуваат во сложени форми, што пак го олеснува нивното додавање во возилото.
Ова, според предвидувањата на Magna, ќе го направи привлечно за дизајнерите кои сè повеќе користат светлосни елементи како детали за потписот на автомобилот. Сепак, тие не се единствените на кои може да им се допадне технологијата. Поради големината на панелите кои се можни со Breakthrough Lighting технолгијата, инженерите кои дизајнираат напредна помош за возачот и автономни технологии, исто така, може да им биде корисно.
Светлосната група во повеќе бои може да се користи како табла за пренесување важни безбедносни информации на другите учесници во сообраќајот. Сепак, за разлика од автономното возење, ова не е некоја далечинска технологија што може или не може да се случи.
Magna очекува Breakthrough Lighting да биде подготвен за производство во 2023 година.