Нема сомнение дека Франкфурт наскоро ќе мора да воведе забрана за употребата на дизели, па дури и возила на бензин од постари генерации

Ваквата одлука е донесена од страна германскиот суд, одлучувајќи во предмет инициран од страна на организација на помош на природата, наведувајќи присуство на високи нивоа на азотни оксиди во воздухот

Според оваа одлука, градските власти ќе мораат да го ограничат движењето на дизел возила кои користат технологија која не е во усогласеност со најмалку Еуро 5 стандардот, но интересно е дека истото важи и за автомобили на бензински погон како гориво. За нив, во смисла на непречено движење на сите градски улици се бара исполнување на Еуро 3 стандардот. Властите во Франкфурт одлуката на судот треба да ја спроведат односно да ја направат функционална до февруари следната година.

Ова не е сè, бидејќи судскиот налог ја наметнува и потребата од ограничување на употребата на дизел возилата усогласени со стандардот Euro 5, почнувајќи од септември 2019 година.

“Забраната за употреба во одредени зони, за возила што користат технологија за пречистување на издувните гасови од постара генерација е неопходна. Тоа е затоа што ниту една мерка која досега е преземена не придонела за ефективно намалување на присуството на азотни оксиди во воздухот“, вели судијата Ролф Хартман од Административниот суд во Висбаден.

Од Германската организација за заштита на природата Deutsche Umwelthilfe, велат дека сегашната законска граница во однос на присуството на азот диоксид, а која изнесува 40 микрограми на кубен метар воздух и која е во сила од 2010 година, значително ја надминуваат вкупно 28 градови во Германија.

Сега по одлуката на судот за следните потези на властите на Франкфурт, на дневен ред се и тужби на иста основа, а поврзани со (не)чистиот воздух во Дармштат, Визбаден и Офенбах. Сосема е реално да се очекува поднесуваер на слични тужби и во Берлин, Келн, Бон, Мајнц, Минхен и околу 20 други градови кои ги кршат одредбите од Законот за чист воздух.

Првата дизел-забрана на територијата на Германија беше воведена од страна на властите во Хамбург, без судска принуда, во мај оваа година. Штутгарт и Ахен веќе се законски обврзани да го следат примерот на Хамбург.