Европската автомобилска индустрија ги става под прашање климатските цели кои Европската унија планира да ги исполни до 2021 година

Асоцијацијата на европските автомобилски производители (ACEA) побара од ЕУ да го продолжи крајниот рок за воведување на новите ограничувања на емисиите.

Прописите на ЕУ велат дека до 2021 година новите автомобили не смеат да имаат емисија што надминува просечни 95 грама јаглерод диоксид по километар.

Минатата година Европската комисија предложи целната бројка да се намали за дополнителни 30% од 2030 година, со цел да се ограничи значително влијанието на климатските промени. Новите автомобили минатата година произведуваа емисии во просек од 118,5 грама CO2 / km.

„Нашата индустрија ја загрижува дали ќе успее да ги постигне целите до 2021 година. И покрај сите напори за намалување на употребата на дизелот, имаме зголемување на емисиите на јаглерод диоксид“, вели претседателот на ACEA, Ерик Јонерт.

Првиот човек на ACEA вели дека производителите направиле се да се исполнат целите, а не само да се избегнат големи парични казни кои следат во спротивно.

Тој го отфрла планот на Комисијата за понатамошно намалување на нивото на емисии и го предупредува Европскиот парламент:

Било што повеќе од 20% е нереално”, вели Јонерт. „Секако, добро е чувството да се има високи цели за намалување на емисиите на хартија, но ние сакаме да бидеме сигурни дека, што и да се стави на таа хартија, барем во нашата индустрија, ќе го исполниме“.