Нов раст на цените на горивата!

0

Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,00%

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит и изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,100 ден/кг и со изнесува 32,137 ден/кг.

Новите цени на дериватите во сила стапуваат од ноќеска на полноќ, односно 15.05.2018 година.

Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,84%, односно за 3,00% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 30.04.2018 година.

Според соопштението на РКЕ, просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-ет дневен период изнесувала 75,134 $/барел или за 1,68% повисока од просечната цена на суровата нафта (73,889
$/барел) по која се формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-ет дневен период изнесувал 51,3079 ден/$ или за 3,49% повисок од курсот на доларот (49,5800 ден/$) по кој се формирани тековните цени.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »