Покрај најпопуларната автоматска пушка во светот, АК-47, сега имаме и возило под тоа име

Во Москва е преставен прототипот Kalashnikov CV-1 EV кој се карактеризира со ретро дизајн (потсетува на Izh-Kombi од советската ера, автомобил кој бил популарен во текот на седумдесеттите години) и може да се пофали со автономија од 350 километри.

Прототипот CV-1 EV има за цел да го претстави брендот во сегментот на електрични автомобили и да се натпреварува со имиња како што е Tesla, велат претставници на компанијата за РИА Новости. Калашников има за цел да го прошири својот бизнис во продавниците во кои ќе може да се купи и облека и соодветни додатоци.

Батеријата во CV-1, има тежина од 50 kg и капацитет од 90 kWh. Ја напојува инвертор развиен од страна на Калашников. Од место до стотка забрзува за шест секунди.

Со зголемената популарност на електричните автомобили, се повеќе и повеќе нови компании сакаат да го земат својот удел од пазарниот колач веднаш до етаблираните производители како што се Volkswagen Group, Daimler и BMW. Рака на срце, постојат многу прототипови, но влегувањето во производство е голем предизвик во однос на профитабилноста, особено поради пречки во форма на големи инвестиции и утврдување на комплексниот ланец на снабдување.

Меѓу најнапредните „нови надежи“ е кинескиот NIO, со потенцијална вредност од 1,8 милијарди долари на њујоршката берза. Тука се и Apple и Sony, кој наговести влез во индустријата на „движечки предмети“, како и Dyson, производител на правосмукалки, кој ги изненади сите пред една година, кога тој ги објави плановите за производство на електричен автомобил од 2020 година.

Детали за плановите во врска со производство и продажба на CV-1 не се објавени.