Поскапување само за Еуросупер 95

0

Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирањена цените, се зголемуваат во просек за 0,01%

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит во
однос на цената утврдена со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти во однос на цените утврдени со
Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува
73,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит,
додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50
ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,246 ден/кг во однос на цената
утврдена со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,651
ден/кг.

Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на
нафтените деривати во просек за 0,16%, односно за 0,01% во однос на рафинериските и на
малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната
комисија за енергетика на Република Македонија од 23.07.2018 година.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-ет дневен период
изнесувала 73,865 $/барел и е за 0,8% повисока од просечната цена на суровата нафта (73,279
$/барел) по која се формирани претходните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-ет дневен период изнесувала
52,4306 ден/$ и е за 0,636% понизок од курсот на доларот (52,7660 ден/$) по кој се формирани претходните цени на нафтените деривати.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Translate »