Дали ова значи дека Supra и Z4 се поразлични отколку што досега се мислеше?

На 29 јуни 2012 година, BMW и Toyota официјално ги објавија плановите за соработка во рамките на програмата за спортски модел. Германската и јапонската компанија ги врзуваат и некои други работи, бидејќи соработката се одвива и во развојот на горивни ќелии, електрификација на погонот, како и развој на лесни материјали.

Но како што стојат работите, инженерите од двете марки на проектот работеле две години – и тоа е тоа. Главниот инженер за Toyota Supra, Масајуки Каи, во изјава за CNET вели дека неговиот тим последен пат комуницирал со BMW во 2014 година:

„Ние се согласивме во врска со пакетот, со нешта како, должина на меѓуоскиното растојание, ширина, позиција на резервоарот, каде треба да стои А-столбот … Сето ова се случи во средината на 2014. Потоа, ние работи сосема одделно и не комунициравме едни со други“, вели Каи.

Како потсетување, BMW во октомври 2017 година, објави дека Z4 ќе биде „апсолутно единствен” во споредба со Supra, не само во дизајн, но исто така и според чувството зад воланот.

Разликите меѓу германскиот и јапонскиот автомобил се толку големи што Каи дури и не е сигурен колку компоненти делат Z4 и Supra, иако механичката платформа е идентична. Купето на Toyota ќе го користи мотор и менувач на BMW, но сè друго e според рецептот на јапонскиот бренд.

По проекти GT86 / BRZ со Subar и Supra / Z4 со BMW, Toyota е отворена за ново здружување, од кое би можело да се изроди наследникот на MR2 или Celica. Предводник на јапонската спортска гама ќе биде хиперавтомобил, базиран на концептот GR Super Sport со околу 1.000 хибридни „коњи“.