На интернет повторно шпекулации за потенцијалното купување на Tesla од страна на Apple или инвестиција од околу 10 милијарди долари – дали сето тоа воопшто е реално сценарио?

Откако Илон Маск неодамна ја најави можноста за тргање на Tesla од пазарот на акции и враќање на компанијата во приватни раце, на интернет повторно почнаа да кружат приказни за можно преземање на компанијата од страна на Apple. Ако постои една компанија која има пари за тоа и е заинтересирана за развој на електрични и автономни автомобили тоа е сигурно Apple.

Неколку аналитичари во последните неколку дена ја коментираа можноста Apple да ја преземе Tesla и наведуваат неколку причини зошто ова сценарио може да се оствари. Она што како прво треба да се напомене е тоа, смета познатиот аналитичар Џин Манстер, до потенцијална продажба или само инвестирање во Tesla ќе дојде поради минусот, а Маск колку и да не признава, неговата компанијата финансиски не стои добро.

Apple и Tesla ја делат страста за атрактивен дизајн на хардвер, софтвер и вештачка интелигенција, истакнува Манстер, а како уште еден потенцијален купувач на Tesla го издвојува и Google (иако можноста за такво сценарио е помалку веројатно), додека традиционалните автомобилски компании немаат доволно пари за вакво нешто. Ако не се одлучат за преземање на компанијата, Apple би можел да инвестира, на пример, 10 милијарди долари во Tesla а нивната соработка може целосно да го покори автомобилскиот пазар во текот на следните две децении.

Имено, Apple за 10 милијарди долари, секако, ќе бара право да учествува во донесувањето на одлуки, додека Маск и тимот веројатно би се согласиле со инвестицијата за да ги решат финансиските проблеми (и да ги смират инвеститорите кои веќе нема да мора да се грижат за финансиите), но, најверојатно тешко со препуштење на Apple да учествува во одлучувањето.

Секако, ако Tesla следната година стана профитабилна, тогаш од целата соработка речиси сигурно нема да биде ништо.

За потенцијалот на оваа аквизиција неодамна зборуваше и Рос Гербер, извршен директор на Gerber Kawasaki, кој верува дека загубата на пазарната вредност на Tesla е „дар на сите дарови“ за Тим Кук. Има и такви кои веруваат дека ова би можело да биде одлична соработка.

Како и да е, доколку дојде до тоа, Apple ќе профитира, бидејќи во вработените на Tesla добива бројни автомобилски експерти, додека компанијата на Кук ќе и помогне на Tesla со искуство, стандарди за квалитет, итн Но, она што би можело да биде многу проблематично за Apple во потенцијална соработка е непредвидливиот карактер на Маск со кој треба да се борат околу донесувањето на сите одлуки.