Американската Федерална комисија за хартии од вредност започна истрага против директорот на Tesla – Илон Мaск

Причината е неговата изјава дека тој се подготвува да ги откупи акциите на производителот на електрични автомобили и да го претвори од акционерско друштво во затворена компанија, пишува The Wall Street Journal.

Во овој случај, проблемот е со цената објавена од Mаск – 420 долари по акција. Пред објавувањето, акција на производителот на електрични возила вредела 370,5 долари. Според регулаторот, милијардерот мора да понуди понуда со официјален документ, наместо тоа да го објави на Twitter.

Најважно, Маск најави дека финансиите за таква операција се веќе обезбедени. Во своето обраќање пред вработените на Tesla, кои поседуваат акции на компанијата, топ-менаџерот рекол дека ќе им даде право на избор – да останат како инвеститори или да ги продадат акциите по цена од 420 долари за акција. Веднаш потоа, членовите на Одборот на директори објавија дека предлогот на Маск ќе биде ставен на разглеување.

Федералната комисија за хартии од вредност сега сака да провери дали изјавите на Маск се совпаѓаат со реалноста и дали тој навистина ги има потребните средства за купување на акциите. Ако се остварат намерите на Маск, тоа ќе биде најголемата операција во историјата. Во моментов, проценката за вредноста на Tesla со вклучена загуба и цена по акција од 420 долари е 82 милијарди долари. 69% од акциите на компанијата се тргуваат на берзата.

Меѓутоа, ако Маск не располага со средствата потребни за купување на акциите, неговата изјава ќе биде заведена како криминал, бидејќи е во спротивност со законот за заштита на правата на инвеститорите. Ако регулаторите одлучат дека милијардерот намерно ги „завел“ инвеститорите, тој ќе треба да одговара пред судот за неговите постапки. Според американскиот закон, раководството на компаниите нема право да дава лажни информации на своите инвеститори.

Според професорот Џон Кофи од Универзитетот Колумбија, кој е специјалист за трговско право при операции со хартии од вредност, ако Маск не успее да обезбеди докази дека располага со потребната сума, изјавата за откуп на акциите по цена од 420 долари ќе се гледа како манипулација.