Започна одбројувањето: Lamborghini Urus пристигнува на 4 декември / ФОТО + ВИДЕО

0

Италијанскиот производител објави кратко видео во кое не потсетува на своите достигнувања од минатото и најавува уште еден револуционерен модел за иднината – Urus SUV

Долгоочекуваниот Lamborghini Urus официјално ќе биде претставен на 4 декември 2017 година, 24 години по крајот на производството на првиот SUV на компанијата, моделот LM002.
Производителот од Сант’ Агата во видеото потсетува на ѕвездените моменти во историјата на Lamborghini, фокусирајќи се на сонот на основачот Ferruccio Lamborghini – кој сакал да создаде совршен суперспортски автомобил.

Кога во почетокот на декември моделот Urus ќе биде претставен на јавноста, Lamborghini ќе го продолжи трендот на луксузните брендови на автомобили кои, и покрај традицијата, решиле на клиентите да им понудат crossover / SUV модел, како што се Porsche, Bentley, Maserati или Jaguar, а слични модели веќе најавија Rolls-Royce, Aston Martin, па дури и Ferrari.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »