За 10 години на улиците ќе има 10 милиони возила на Tesla?!

0

Оваа оптимистичка прогноза е објавена од американската инвестициска банка Морган Стенли.

tesla-future

Аналитичар во Морган Стенли, Адам Џонас, презентирал глобални проекции за раст на бројот на електрични автомобили Tesla на патиштата заклучно со 2040 година.

Според оваа прогноза, во 2028 година бројот на Tesla автомобили во светот би изнесувал 10 милиони, додека границата од 20 милиони автомобили овој калифорниски производители ќе ја надмине во 2035 година. Ако се оди добро, на патиштата низ целиот свет во 2040 година би крстареле 32 милиони автомобили на Tesla.

Иако оваа проекција се чини дека е премногу оптимистична, делумно е заснована на овогодинешниот раст на акциите на компанијата кои се зголемени за 63 отсто во однос на 2017 година.

Првиот човек на Tesla, Елон Маск, не оди толку далеку во предвидувањата, но најавува дека веќе во 2018 година, од линиите за производство ќе бидат симнати 500.000 електрични возила со ознаката на овој бренд.

Меѓу нив убедливо најмногу ќе бидат примероци од Model 3 чија продажба започна ова лето. Својот автомобили веќе го очекуваат повеќе од 400.000 корисници кои имаат направено нарачки во последните година и половина.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »
%d bloggers like this: