Xiaomi Mi 6 официјално претставен

0

Според планот, Xiaomi го претстави Mi 6 и како што сугерираа гласините, доаѓа со најновиот Qualcomm Snapdragon 835 процесор и две задни камери.

Mi 6 има куќиште со предна и задна страна од заоблено стакло, а меѓу нив е рамка од нерѓосувачки челик. Дизајнот, полирањето и боењето трае 12 дена и се одвива во 40 чекори. Иако Xiaomi секогаш се трудел да понуди повеќе за разумна цена, конечно нешто што е голема вест за оваа компанија, и таа е отпорност на прскање. За жал, недостасува 3,5 mm приклучок, но тоа Xiaomi го надоместил со стерео звучници.

Екранот и понатаму е 5,15 инчи Full HD резолуција, исто како и во претходните генерации, но сепак се очекува малку подобат екран. Веднаш под него е читачот на отпечатоци од прст што личи на оној од Mi 5s. Задните камери се со резолуција од 12 мегапиксели, една широко-аголна во 4-оски оптичка стабилизација, а другата овозможува зум 2x. Оперативниот систем е Android 7.1.1 со MIUI 8 интерфејс, а „погонот“ е Snapdragon 835, кој се состои од осум процесорски јадра и Adreno 540 GPU. Без оглед на тоа дали ќе изберете верзија со 64 или 128 GB внатрешна меморија, ќе добиете 6 GB RAM меморија, што е доволно заедно со моќниот процесор Xiaomi да може да се пофали со резултат од 182.000 бодови на AnTuTu. Капацитетот на батеријата е 3.350 mAh, и поддржува брзо полнење (Quick Charge 3).

This slideshow requires JavaScript.

Xiaomi Mi 6 во продажба влегува на 28 април по цена од 2.499 јуани (340 евра) за базниот модел со 6+64 GB, 2899 јуани (393 евра) за 6+128 GB и 2.999 јуани (406 евра) за верзијата со керамичко куќиште и 6+128 GB. Што се однесува до пазарот на ЕУ, треба да се очекуваат малку повисоки цени.


Споделете.

Напишете коментар

Translate »