VW планира намалување на дилерската мрежа и фокус на онлајн продажба

0

Volkswagen планира да ја намали големината на европската дилерска мрежа и да воведе онлајн продажба за да се прилагоди на новите кориснички навики

Германскиот гигант се обидува да ги намали трошоците на ниво на целата групација која се состои од 12 брендови и да инвестира во електрични автомобили.

Последниот потег на компанијата има за цел да ја зголеми профитабилноста и ефикасноста во рамките на европската дилерска мрежа, која брои 3.000 салони, во просек 10 отсто, како и да ги намали трошоците за двојно да се зголеми просечниот поврат по дистрибутер на два од еден процент.

„Ние сме со години во процес на консолидација на сите светски пазари“, вели менаџерот за продажба на Volkswagen, Јирген Штакман. „Тоа сигурно ќе се забрза во следните година-две, вклучувајќи ја и Германија“.

Притоа Штакман не дава детали за степенот на намалување на трошоците и бројот на дилерски салони кои ќе бидат затворени поради „новиот модел на продажба“.

Купувачите на сериски автомобили меѓу кои и Volkswagen, сега се повеќе ги користат услугите на интернетот, каде што може да направат подобра споредба со конкурентните понуди.

„VW и неговите дилери развиваат заеднички портал“, вели Штакман, без дополнителни детали.

Намалените трошоци ќе дојдат преку поширока употреба на интернетот, што пак на продажните салони ќе им заштеди време потребно за сервисирање на автомобилите за до 70 проценти, велат од VW.

Просечен Volkswagen дистрибутер во Европа вработува 35 лица, а таа работна сила може да се намали за четири лица или истите да бидат распоредени на други места, вели Штакман.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »