Со темелна преработка на 370Z Roadster, Nissan добил концептен автомобил кој e изложен на салонот за автомобили во Чикаго, а конечниот производ, кој стои зад името 370Zki всушност е моторна санка придвижувана од 3.7-литарски V6 мотор во комбинација со 7-брзински автоматски менувач со што развива сила од 332 КС.

„Nissan 370Zki ја продолжува нашата традиција на претставување на имагинарни концепти на зимски возила на оваа изложба. Со оглед на натпреварувачкото наследството на моделот Z, нам 370Zki ни се чини како природна комбинација“, велат креаторите од Nissan.

Возилото е навистина имагинарно – на предните тркала се поставени скии, а на местото од задните – „гасеници“.

Како се дошло до овој концепт? Се се случило по отстранувањето на погонскиот систем и доработка на задната страна (поради висината на гасениците). На ова треба да се напомене дека санката во однос на оригиналот е подигната за плус 7,5 cm од земјата. Фабричките сопирачки, со доработка се задржани. Промените го зафатиле и вградувањето на моторот и трансмисијата, вградени се адаптери за завртување на скиите…