Volkswagen T-Cross – Презентација следната година

0

Од Volkswagen стигнува потврда дека новиот SUV модел, базиран на Polo, ќе биде претставен следната година.

Голема компанија како Volkswagen, конечно увиде дека во понудата има премалку SUV модели, а трендовите покажуваат дека токму тоа е она што луѓето се повеќе сакаат, па токму затоа ги претстави новиот голем Atlas, Tiguan Allspace и кросоверот врз основа на легендарниот Golf, моделот Т-Roc. Овој тренд ќе продолжи, така што следната година од оваа компанија може да се очекува лансирањето и на Т-Cross или кросовер верзија на новото Polo.

Концептот на овој модел, без покрив, беше претставен на саемот во Женева минатата година. Сепак, како што се наведува, серискиот модел ќе добие цврст покрив и меѓуоскино растојание од 2.560 милиметри, што е 30 милиметри помалку од она кај Т-Roc. Во исто време, меѓуоскиното растојание ќе биде 12 милиметри поголемо од она кај Polo.

Што се однесува до дизајнот, тој ќе биде „конзервативен, но спортски“, како што изјави еден од лидерите на компанијата, и додава дека „предната решетка ќе им биде позната на фановите на брендот, а остатокот ќе биде малку поинаков, така да можеби ќе се запрашаат дали навистина станува збор за модел на Volkswagen“. Кросовер моделот Т-Cross ќе се поставува на истата платформа како и новото Polo, како опција ќе биде достапен погон на сите тркала, најмоќната верзија ќе има 4-цилиндерска единица, а поевтините ќе бидат опремени со познатиот 3-цилиндерски 1.0 TSI мотор кој моќноста ќе ја испраќа на предните тркала.

По моделот T-Cross, се чека презентацијата на уште еден Volkswagen SUV, кој ќе се вика Taigun. Овој модел ќе се базира на моделот up! и се очекува да се појави до крајот на оваа деценија.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »