Volkswagen и Google работат на квантни компјутери

0

Квантните компјутери ќе ја имаат главната улога во иднина кога станува збор за возењето.

Volkswagen и Google се индустриски гиганти, секој во својата бранша, но заеднничката работа на неверојатно моќни квантни компјутери, вештачка интелигенција и напредна технологија може да ја забрза употребата на оваа технологија во автомобилите и порано отколку што се претпоставува.

Што е квантен компјутер? Исклучително моќни и во исто време ефикасни машини. Денешните компјутери зборуваат со јазикот на единици и нули, наречени битови. Квантниот компјутер има многу повеќе варијанти на пресметување во својот дијалект, што го прави многу побрз кога станува збор за решавање на проблемите.

Еден од начините на кој Google и Volkswagen планираат да експериментираат со квантната обработка е оптимизирање на сообраќајот. Многу сообраќајни метежи, а со тоа и загадувањето, се предизвикани од слаба сообраќајна организација. Доколку се користи квантен компјутер симултано да управува со сообраќајните модели на идеален начин, возењето би било многу по „течно“, а со самото тоа луѓето би губеле многу помалку време. Овој ист систем би може да биде употребен за да се најдат празни места за паркирање или полначи за електрични автомобили.

Идните електрични автомобили на Volkswagen ќе влечат корист од квантните компјутери преку симулационо тестирање со цел пронаоѓање совршена структура на батерија многу побрзо отколку што инаку би било. Оптимизираните батерии соодветно ќе обезбедат поголема автономија и подобри перформанси.

Друга примена на која настојуваат да работат VW и Google е вештачката интелигенција во автомобилите. Со истражување на можностите машините да учат, автономните автомобили ќе станат попаметни. Наместо програмирано однесување во однос на дадена ситуација, еден квантен автономен автомобил многу подобро самостојно ќе ја проценува ситуацијата и ќе донесува одлука на најдобар можен начин.

Volkswagen е првиот производител на автомобили кој влегува во развој и примена на оваа технологија и е првиот кој е вклучен во рани експерименти. Се разбира, ова на германскиот гигант ќе му даде предност во однос на конкуренцијата.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »