Volkswagen е најиновативниот бренд на саемот во Франкфурт

0

На саемот за автомобили во Франкфурт кој е во тек, Volkswagen ја доби наградата за најиновативен бренд во 2017 година

Volkswagen освои неколку од најпрестижните награди на Франкфуртскиот меѓународен автомобилски саем. Клаус Бишоф, директор на секторот за дизајн, во име на Volkswagen, ја прими наградата за „Најиновативен бренд за 2017“. Наградата „Plus Х“ е една од најпрестижните светски награди во областа на технологијата, спортот и начинот на живот.

Освен оваа награда, со награди се стекнаа и четири модели на производителот од Волсбург:

– I.D. BUZZ – Најдобро концепт возило за 2017 година
– Golf – Најдобро возило во својата класа за 2017 година
– Atlas – Најдобро SUV возило за 2017 година
– Arteon – Најдобра лимузина за 2017 година.

Покрај оваа награда, Arteon е именуван и за Best of the Best (Најдобар меѓу најдобрите) како најдобро рангиран во категориите екстериер и ентериер во овогодинешната трка за најдобар автомобилски бренд.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »