Во Škoda размислуваат за воведување на Karoq RS

0

Чесите веќе размислуваат за потенцијални деривати на моделот Karoq

Прво, следната година, пристигнува Karoq Sportline кој ќе добие малку поагресивен, поспортски изглед.

Иако варијантата RS сеуште не е потврдена, шефот на Одделот за развој на Škoda, Кристијан Струбе, во интервју за британскиот AutoExpress потврдува дека овој модел е негова голема желба.

Karoq RS, за разлика од „братот“ од Seat, моделот Ateca, кој во најмоќната верзија Cupra ќе го носи „стариот“ 4-цилиндерски мотор и 2-литарски турбополнач, кој развива 300 коњски сили, може да добие и plug-in хибриден погонски систем.

Се верува дека Karoq RS, ако дојде до производство, ќе добие електрифициран погон по примерот на Superb и Kodiaq, во 2019 година.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »