Компјутерот секогаш ќе биде попаметен од вас. Тој никогаш не заборава, никогаш нема да се налути, предупредува шефот на Alibaba, Џек Ма

„Среќни сме затоа што живееме во свет кој поминува низ трансформација поради технологијата. Оваа нова технологија ќе создаде мноштво на успешни луѓе, интересна кариера, но искрено, новата технологија ќе создаде и социјални проблеми. Ако не соработуваме заедно, луѓето ќе почнат да се борат едни против други, бидејќи секоја технолошка револуција создава нерамнотежа во светот“, изјави Џек Ма на Светскиот економски форум во Давос, зборувајќи отворено за клучните предизвици со кои се соочува светот денес.

„Вештачката интелигенција и големите податоци се закана за човечките суштества. Мислам дека вештачката интелигенција треба да биде човечка поддршка. Технологијата секогаш треба да се направи нешто за да им овозможи на луѓето, а не да им забрани, вели Ма, додавајќи дека компјутерот секогаш ќе биде попаметен од нас. Тој никогаш не заборава, никогаш нема да се налути.` Но, компјутерите не можат да бидат толку мудри како луѓето. Вештачка интелигенција и роботите ќе уништат голем број на работни места, бидејќи работните места во иднина ќе ги преземат машини. Сервисните дејности сеуште имаат шанса да успеат – но тие мора да се изведуваат на единствен начин“.

Како што сите поголеми компании денес работат на развој на вештачката интелигенција, се поставуваат прашања и за нивната одговорност.

„Google, Facebook, Amazon и AliBaba – ние сме најсреќните компании во овој век. Но, нашата одговорност е да имаме добро срце и да правиме добро. Мораме да бидеме сигурни дека се што правиме е фокусирано на иднината“, смета Ма.

Како лидер на една голема глобална компанија, Џек Ма е прашан и за тоа што мисли за жени на високи позиции.

„Сакате да бидете успешни; ако сакате вашата компанија да работи мудро и да се грижи за светот – жените се тука најдобри. 37 отсто од високиот менаџмент во Алибаба се жени. Тоа е само дел од тајната состојка на нашиот успех дека имаме толку многу жени“, открива Ма.

На крајот и за важноста на образованието.

„Образованието во моментов е голем предизвик – ако не го смениме начинот на кој ги учат децата, ние ќе бидеме во неволја веќе за триесет години. Не можеме да ги научиме нашите деца да се натпреваруваат со машини што се попаметни од нив – треба да ги научиме нешто уникатно. На тој начин и за 30 години децата ќе имаат шанса против машините“, вели Ма.