Верстапен го продолжи договорот со Red Bull

0

Младата надеж на Formula 1, Макс Верстапен, го продолжи договорот со Red Bull до 2020 година.

Всушност, Верстапен имаше договор до 2019 година, а со новиот потпис неговиот договор е продолжен за уште една година. Она што е важно е дека младиот Холанѓанец останува во Red Bull во наредните три сезони.

„Целиот тим е воодушевен што Макс потпиша нов договор“, вели шефот на Red Bull, Кристијан Хорнер. Хорнер претходно изјави дека австрискиот тим бил единствената средина во која Верстапен можел да се развива понатаму и дека Макс имал можност да биде столб на тимот.

Очигледно Red Bull има големи и долгорочни планови со холандскиот возач.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »