Вака звучи Lamborghini Urus

0

Urus се придвижува со biturbo V8 мотор кој од 4-литри развива 650 коњски сили. Значи, првиот SUV од Lamborghini ќе биде историски од многу причини. Прво, тоа е првиот модел на овој производител со турбо полнач, а второ, ќе биде првиот модел кој ќе добие хибриден погонски систем.

Италијанците потврдуваат дека не планираат рушење на рекордот на Нирбургринг со Urus за SUV возила, кој моментално е во сопствеништво на Alfa Romeo Stelvio во Quadrfoglio издание со 7 минути и 59 секунди.

Премиерата на Urus е закажана за септември и авто салонот во Франкфурт.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »