Новинарската истражувачка група Project Veritas, објави снимка на YouTube каналот во кој вработени во Twitter откриваат детали за своите работни места

Како што велат, тие се платени да пристапат и да анализираат приватни содржини кои корисниците ги разменуваат меѓу себе.

Ова вклучува читање и гледање на стотици приватни фотографии и пораки.

„Имаме цели тимови посветени на ова. Зборуваме за најмалку 300, 400 луѓе кои се платени за да гледаат фотографии, на пример, на пенис“, рече Клеј Хајнес, инженер за безбедност на Twitter.

Хајнес истакнува дека тој лично анализира твитови и пораки кои претходно биле пријавени од други корисници како штетни.